-Ако има телефонски разговори, за Монструм, а за тоа има, јас објавив, е основ да биде работа на специјалниот јавен обвинител. Ако покрај материјалните докази за Телеком, постојат и телефонски разговори, веќе станува предмет за работа на специјалниот јавен обвинител. Тоа оставам специјалниот јавен обвинител да го утврди, затоа што, нели, меѓу другите обврски коишто се превземени, наша обврска е материјалите да ги предадеме на специјалниот јавен обвинител, изјави денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој додаде дека при формирањето на Законот за специјалниот обвинител имал прекрасен тим кој работел на тоа, заедно и со претставниците на другите политички партии. Според него, во Законот е јасно прецизирано: се што е поврзано и произлегува од неовластеното и незаконското прислушување, од содржината на неовластеното и незаконското прислушување ќе биде предмет на истрага.