Хан ќе оствари средба со политичките лидери

by Фокус

Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан, кој престојува во дводневна посета на Македонија, денеска во Скопје ќе разговара со македонските политички лидери за спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза, за Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), за текот на реформите и за мигрантската криза.

Хан ќе има одделни средби со премиерот Никола Груевски и со претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

Утрово се средбите со преставниците на невладиниот сектор, а во 10.30 часот Хан ќе присуствува на средба со Националниот совет за евроинтеграции каде ќе има свое обраќање. Хан ќе присуствува на пленарната седница за Претпристапните преговори на високо ниво (ХЛАД), а прескоференцијата е закажана за 18 часот.

Еврокомесарот, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество, а предвидено е да го посети и прифатниот центар за мигранти во Гевгелија.

Поврзани новости