689
Премиерот на Македонија, Зоран Заев преку социјалните мрежи порача дека нашата земја многу сработила во однос на реформите, додавајќи дека сега е време ЕУ да ги исполни ветеното.
„Северна Македонија многу сработи, испорачавме реформи, испорачавме и правда – време е и ЕУ да го испорача ветеното кон нас.
Клучните претставници во европските институции знаат и разбираат дека за македонскиот јазик и македонскиот идентитет нема да преговараме“, истакна Заев.