Изгоре камион кај Неготино

by Fokus 10:53
10:53

Изгоре камион утрово кај Неготино, за МИА потврди Иле Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна единица. Пожарникарите со две противпожарни возила најбрзо што можат интервенирале на лице место.

– Дополнителна несреќна околност беше што камионот, со македонски регистарски ознаки, бил полн со хартија. Тоа допринело огнот кој првично се јавил кај моторот, уште повеќе да се разгори, појасни Илиев.

- Advertisements -

Причинета е материјална штета, а дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.

Поврзани новости