Заев: Мицкоски не кажа став за ниту едно прашање, не се огради ниту од криминалецот Груевски

by Frosina Fakova

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема кажано ниту еден свој став за ниту едно важно прашање, во овие три години не се огради ниту од криминалецот Груевски, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина вечерва во Куманово на колацијата „Можеме“.

-Знаете за еден став на Христијан Мицкоски во овие три години, за едно прашање да има став, дури и да се огради од криминалецот Груевски. Немаше став за прашањето за името до последно, немаше став и одлучи да бојкотира. Па излези бе јунак гласај против. Немаше став ниту за Законот за јазиците, за мултиетничноста на државата, нема став ни за покачување на платите. Кога сите застанавме на нозе да ракоплескаме за НАТО, Мицкоски не раскоплескаше за НАТО, рече Заев.

Тој порача дека опозицијата нуди само обнова на претходниот режим.

-Ова што сега го нуди ДПМНЕ е само обнова на  режимот. Обнова на истата ментална матрица со која живеевме 11 години. Не дај Боже да дојдат на власт. Одма кавги со Бугарија и Грција. Ни Ф од европски фондови нема да видиме. Со вакво какво што е ВМРО-ДПМНЕ кавгаџиско 60 години нема да завршиме преговори со ЕУ, рече Заев.

Поврзани новости