Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев одговорајќи на прашање од граѓани на денешната трибина во Куманово.
„Советник бил на Груевски, работел про боно, па не работел про боно, работел за пари, па и паралелено правел конструкции за да дава дозволи за хидроцентрали и за други енергетски ресурси и од тука доааѓаат парите, 7-8 % од толку хидроцентрали се огромни пари“, истакна Заев.
Тој рече дека за сите сомневања треба да следуваат истраги а оние кои незаконски работеле да понесат одговорност.
„Правда за сите мора да има. И за хидроцентралите и за финансирањето на изборите и за незаконско работење сето тоа низ истрага транспарентно треба да се открие, ако има вклучени и од сегашната власт и тоа ќе се открие“, рече Заев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно истакна дека ги отуѓил уделите што ги имал во хидроцентралата, а од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа и премиерот Заев да го направи истото, посочувајќи му дека тој има десетина фирми.