Во недела граѓаните ќе го кажат своето, ќе и дадат ветер во грбот на својата земја, ќе ја поттурнат напред и ќе им го покажат грбот на деструктивните сили, изјави на митинг во Гостивар лидерот на СДСМ Зоран Заев.
-На овие избори, покрај градоначалничките места, исто толку важни се и листите за советници. Развојот и напредокот на општините зависи и од локалните совети, од нивната капацитетност и одговорност пред граѓаните. Да гласаме за советници кои ќе реализираат проекти, а не за оние кои блокираат и опструираат – рече Заев.
Тој порача дека Христијан Мицкоски и Зијадин Села треба да бидат малцинство во советите, со цел, според него, да има одговорни совети што ќе соработуваат со централната власт.
-Ние овде во Гостивар одлична листа имаме, составена од докажани, професионални, чесни и угледни имиња, имиња кои Гостивар ги знае и ги почитува, луѓе подготвени да работат за својот град за своето населено место. И само така знае да работи СДСМ, секогаш за и секогаш со граѓаните и тоа го покажуваме во континуитет – рече Заев.