Османи ја скршил раката на кошарка

by fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и висок функционер на ДУИ ја скршил раката за време на кампања.

Тој на Канал 5 изјави дека раката ја скршил играјќи кошарка со сопартијците од Гази Баба.

-Паднав сега во текот на кампања, игравме кошарка со младите од ДУИ Гази Баба. Се лизнав. На спортски натпревар се лизнав на бетонот и ја скршив раката – рече Османи.

Поврзани новости