Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за А1он, вели дека формирањето на новиот состав на владата ќе почне веднаш по илинденските празници. Тој вели дека бројките се јасни и дека коалицијата „Можеме“ обезбеди најмногу пратенички места, па затоа кристално чисто е кој го има мандатот.
-СДСМ е голема, широкограда и отворена партија и ќе разговараме за коалицирање со сите партии кои се подготвени да го прифатат европскиот, демократскиот, слободарскиот концепт и патот што Северна Mакедонија го оди како земја членка на НАТО. Структурите кои заговараат идеи различни од демократскиот и европскиот концепт не припаѓаат во идната владејачка коалиција водена од СДСМ бидејќи таквите конфликтни и ретроградни опции или се поразени или се маргинални, вели Заев.
За него лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е аутсајдер, а ВМРО-ДПМНЕ е зарабоено од груевизмот.