Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во моментот ја објавува 15-та бомба. Тој истакна дека денеска граѓаните ќе слушнат уште еден корупциски скандал, во кој според него е вмешан директорот на УБК, Сашо Мијалков и премиерот Никола Груевски.
Првиот прислушуван разговор е помеѓу судијката Светлана Костова и Мијалков, каде што според Заев, се договара исплата на провизија од половина милион евра од Израелци, пред да почнат да ја отплаќаат опремата за прислушување, што ја набавиле од нив. Потоа Костова зборува со еден од претставниците од Израел, на кој му пренесува дека треба да извршат исплата на парите, но го известува и дека ќе оди на пат во Франција, на четири недели, но потенцира дека и понатаму ќе бидат во контакт.
Заев повторно го објави и разговорот помеѓу судијката Костова и Мијалков, во кој шефот на УБК ја известува дека е избрана за судијка.