838
Ние не сме се разбудиле во 1944 со мисла дека сме Македонци, рече премиерот Зоран Заев запрашан за коментарот на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој рече дека пред 1944 година македонската нација не постоела.
„Во 1943 Македонците не си легнаа како Бугари, а се разбудија во 1944 како Македонци. Ние сме Македонци. Да знаат, овде повредуваат такви провокации. Секаде во светот секој има право да се определи како што се чувствува. Да бидеме паметни, за заедничката историја да ја гледаме дека не прави големи пријатели“, истакна Заев.