Екс-амбасадорот Есмеров: ВМРО-ДПМНЕ е како партија без компас

by Fokus

Некогашниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24, ја критикуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја партија без компас.

„Мицкоски вети дека ќе поднесе оставка, има морална одговорност, и двајцата претходни претседатели од морални причини поднесоа оставка. Првпат во 30-годишната историја на ВМРО губите 5 избори по ред, а ги притоа ги земате парите од државата. Мицкоски имаше информации дека ќе се промени името, единствена опција беше да се повикаат гласачите да гласаат против договорот. И на тој начин власта ќе немаше маневарски простор да го промени името. По секое губење на изборите, граѓаните ги валоризираат политиките а СДСМ, а не ги земаат во предвид на ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ сега ми изгледа како партија без компас, има различни ставови за дневна употреба“ вели Есмеров.

Поврзани новости