437
На самитот на Јадранската повелба во Подгорица, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, најави дека државата во иднина поактивно ќе се вклучи во мисиите на НАТО.
„Охрабрени сме од оптимизмот, вербата и поддршката од нашите граѓани, но и од Соединетите Американски Држави. Тоа за мене како премиер е силен мотив да ја оправдам довербата и да ги остварам очекувањата. Тоа што до нас седи и соработува потпретседателот на САД покажува дека Македонија и земјите од Западен Балкан имаат верен партнер. Република Македонија ќе го зголеми буџетот за одбрана и учеството во мисиите на НАТО. Свесни сме дека регинот, овој мал дел од светот е стратешки дел за глобалната безбедност“, порача Заев.