Заев: Македонија има сериозна придобивка од договорот со Бугарија

by fokus

Договорот со Бугарија отвара сериозни перспективи за Македонија, а од него Македонија има сериозна придобивка, изјави денеска од Штип премиерот Зоран Заев.

-После сите сугестии коишто ќе ги добиеме од експертската јавност, од Парламентот и Владата, се надевам дека ќе дојде до склучување на договорот. Договорот се носи од Парламентот. Парламентот на крајот гласа. Ако е нешто на штета на Македонија, нашиот Парламент има директна одговорност кон граѓаните и не треба да се плашиме. Ако е нешто добро, Парламентот ќе гласа. Јас како добро упатен политичар, којшто и понатаму бара поддршка од граѓаните, нема да дозволам влакно да и фали на Македонија во нејзините перспективи, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот додаде дека договорот ќе биде склучен кога ќе го ратификува Парламентот.

 

Поврзани новости