Масовна тепачка на плажа во Охрид, седум приведени

by fokus

Утрово околу 11 часот на плажа во комплексот „Горица-3“ во Охрид се случила масовна тепачка, по што седум лица се приведени во СВР Охрид, по нарушувањето на јавниот ред и мир со употреба на опасно оружје, соопшти полицијата.

-Најверојатно поради подолг временски период нерешени меѓусебни недоразбирања,  нарушувањето, најнапред се случило помеѓу две помали групи по што набрзо на местото на настанот пристигнуваат униформирани полициски службеници кои, веднаш започнале со мерките за решавање на пријавениот настан. Во текот на преземањето на нивните активности, на местото пристигнале пет лица кои со себе носеле опасни орудија и за мошне кратко време нападнале едно лице кое во моментот бил на шанкот а кој, во претходното нарушување помогнал  за смирување на ситуацијата и ги делел учесниците, изјави портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димовски.

На плажата било повикано и полициско засилување, откако првата група полицајци не била доволна.

Поврзани новости