Заев: Криво ми е што Бугарија ни стави вето

by fokus

Тоа што Европа не може да изнајде решение меѓу нас и Бугарија е лоша порака, проблемот е никаков, рече премиерот Зоран Заев на Телма.

-Криво ми е и ме пече во душата, што Бугарија ни стави вето. Отидов во Софија, иако бугарското МНР издаде соопштение ден претходно дека ќе не блокира. Сепак, јас отидов таму затоа што сме пријатели, а не непријатели – истакна Заев.

Тој посочува дека добил порака од Софија да намалиме со говорот на омраза.

-Железницата ја градиме. На Бугарија и смета тоа што наводно малку сме направиле во инфраструктурната поврзаност и недоволно економскиот раст на трговијата. Во патоказот стои дека ние треба да понудиме посебен патоказ за Бугарија како еден дел од нашата обврска и тоа и го направивме – рече Заев.

 

Поврзани новости