830
Силни критики упати првиот човек на СДСМ, Зоран Заев кон неговиот политички опонент, Христијан Мицкоски, во тв-дуелот на темата со изгорената модуларна болница во Тетово.
„Вие сте и истражител и судија. Оставете го тоа на надлежните органи и не е во ред ние како политички лидери да се мешаме во една истрага. За пуста желба, за пуста функција ќе направите се. Поттикнувате антиваксери, ширите лажни вести“, жестоко возврати Заев кон Мицкоски.