Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Софија изјави дека очекува спорот за името со Грција наскоро да биде решен, бидејќи, според него, тоа би било добро за Скопје, за Атина и за ЕУ.
– Целта ни е до јуни да добиеме датум за преговори со ЕУ. Тоа не значи дека не можеме да го решиме и во март. Колку побрзо толку подобро – оцени Заев.
На новинарско прашање за протестите во Скопје против преговорите за името со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија, тој рече дека „Македонија е демократска земја, во која секој има право да протестира“.
-Владата мора да се грижи за добрите перспективи на сите граѓани – истакна Заев, кој во Софија учествуваше на состанокот на лидерите од Западен Балкан со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.