Заев ќе се помирува со ВМРО-ДПМНЕ преку собраниски тела

by fokus

Пораката за помирување охрабри и преку работни групи ќе се обидеме да најдеме начин за помирување низ собраниските тела, рече премиерот Зоран Заев по вечерашното изгласување на потребата за уставни измени.

-Граѓаните се горди на вакво Собрание. Бидете сигурни дека како премиер давам збор да ја гарантирам безбедноста. Ја изградивме државотворната коалиција. Заедно ќе ги усогласиме амандманите и заедно ќе работиме на национално обединување. Ќе се фокусираме и на реформите за право и правна држава, истакна Заев.

Тој рече дека имало и други пратеници кои начелно даваат поддршка, но не гласале „за“ и додаде дека има шанса овој процес да се заврши и со 120 гласа „за“.

Поврзани новости