Заев ќе се консултира со своите адвокати дали да го тужи Мицкоски

by fokus

Забегана работа, вака премиерот Зоран Заев го прокоментира вчерашниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по апсењето на Вељаноски, Јанакиески и Ристовски. Заев вели дека ќе се консултира со своите правни советници дали да покрене тужба.

-Тој иницира обиди за убиство и зборува за некоја жестокост, не знам каква. Тоа зборува за него, но во најмала рака е забегано. Јас сум од крв и месо, трнспарентен човек и нормален. Само ќе кажам забегана работа, затоа што се претера. Јас сум бил во притвор, со одземен пасоши, сум објавувал политички бомби, па сепак сум внимавал што зборувам – рече Заев.

Поврзани новости