Премиерот Зоран Заев најави дека ќе реагираат до премиерот на Бугарија Бојко Борисов, кој во Сараево го нарече Стево Пендаровски „северноамакедонски политичар“ и „северномакедонски претседател“. Според Заев, се работи за грешка која е спротивна на Преспанскиот договор.
-Секако реагираме и испраќаме нота за да може да се исправат грешките. Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци кои што живееме во Северна Македонија – рече Заев.
Инаку, Борисов вчера во рамки на Самиот во Сараево за бугарските медиуми, говорејќи за средбата со Пендаровски, изјави:
„Северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кој ги кажа работите на најправилен начин. Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата и автономијата на Македонија – изјави Борисов.