Заев: Ќе направиме анализа и секаде каде што има привилегии ќе ги повлечеме вработувањата

by fokus

Запрашан за коментар во врска со актуелните случаи на вработувања на деца и роднини на  функционери и пратеници во државни и општински институции и компании премиерот Зоран Заев вечерва потенцираше дека тие ќе бидат разгледани и доколку има одредени неправилности и протекционизам ќе биде побарана одговорност.

Ќе направиме анализа, рече премиерот, ќе ги видиме постапките и секаде каде што има привилегии,  протекции или било какво влијание секако ќе бараме полекување. Зборуваме, вели Заев, за дваесеттина места од 40.000 на пример работни места или еве нека се 25.000 во јавни институции општински, државни и акционерски друштва, јавни претпријатија и слично , но и да се работи за две места треба тоа да биде транспарентно. Премиерот додава дека заради тоа што сакале да испратат порака дека сите во општеството дури и деца или кој било, на некој функционер имаат шанса во оваа наша Македонија.

-Веројатно имаме и слабости при нашето функционирање и затоа реков ќе побараме одговорност ако некаде тоа вработување е направено на несоодветен, незаконски начин. Не е доволно, потенцира тој,  само да се повлече или раскине договор, ако било прекршено некое законско правило, туку тој што го прекршил законот да одговара како што е пропишано, рече Заев.

Поврзани новости