Заев: Ќе направам стабилна реформска влада

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорите на Германија, Шведска и Полска во Македонија, Кристине Д. Алтхаузер, Матс Стафансон и Јацек Мултановски.

На средбата, Заев порачал дека очекува претседателот Ѓорге Иванов да му го даде мандатот за формирање на нова влада.

-Ние очекуваме дека ќе го формираме новото парламентарно мнозинство, со што ќе обезбедиме стабилна реформска Влада, како што одлучија граѓаните… Секоја друга опција значи непотребно враќање на процесите назад, што ќе одземе време, а ништо нема да смени бидејки граѓаните се одлучни и демократските промени се незапирливи – порачал Заев.

 

Поврзани новости