Заев: Ќе има бесплатно болничко лекување, а платите на лекарите специјалисти ќе се покачат на 100 илјади денари

by Fokus 12:31
12:31

Мандатарот Зоран Заев при промовирањето на новата владина програма истакна дека  ќе бидат зголемени семејните буџети, а ќе бидат намалени давачките на семејството.

– Граѓаните кои не користат парно, нема да плаќаат. Ќе ги намалиме казните, ќе ја укинеме радиодифузната такса, ќе има бесплатно болничко лекување. Ќе воведеме енергетски ваучери за струја, ќе се намалат 50 проценти за енергетски гас за секое семејство. Ќе ги покачиме платите на специјалистите на 100 илјади денари, ќе го укинеме екстерното тестирање. Доста е од реваншизам и партиски отпуштања. Никој да не чувствува страв за своето работно место – вели Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости