556
Мандатарот Зоран Заев при промовирањето на новата владина програма истакна дека ќе бидат зголемени семејните буџети, а ќе бидат намалени давачките на семејството.
– Граѓаните кои не користат парно, нема да плаќаат. Ќе ги намалиме казните, ќе ја укинеме радиодифузната такса, ќе има бесплатно болничко лекување. Ќе воведеме енергетски ваучери за струја, ќе се намалат 50 проценти за енергетски гас за секое семејство. Ќе ги покачиме платите на специјалистите на 100 илјади денари, ќе го укинеме екстерното тестирање. Доста е од реваншизам и партиски отпуштања. Никој да не чувствува страв за своето работно место – вели Заев.