516
Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на дебатата на телевизија Телма рече дека македонскиот идентитет е потврден со Договорот со Грција.
-Ќе бидеме Македонци од Република Северна Македонија. Тоа е чувство, никој не може да ни го земе. Ќе се обратам во Парламентот на Република Северна Македонија, ама ќе зборувам за македонско девојче, македонска култура, за Македонски Брод. Никој повеќе на свет нема да не спори, сите не имаат признаено, рече Заев.