Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе седне на обвинителна клупа за случајот „Пуч“. Кривичниот суд го прифати обвинителниот акт и ги отфрли приговорите на одбраната.
Заев е четврто обвинет во случајот и се товари за насилство против високи државни органи.
– Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој постапуваше во постапка за оценка на обвинителниот акт КО. Бр. 25/15 поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 30.04.2015, по одржано рочиште за оценка на обвинителен акт на 01.06.2015, како и детална анализа на сите приговори поднесени од страна на одбраната и ценење на доказите врз кои се заснова обвинителниот акт, донесе одлука со која обвинителниот акт се одобрува во целост, а приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани – се наведува во образложението.