Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе присуствува на утрешната средба во Брисел со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, и останатите политички лидери од земјава со цел надминување на политичката криза, соопштија од партијата.
„Изјаснувањето на еврокомесарот Хан, заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, дека конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2014 во Македонија содржи бројни недостатоци на изборниот процес за коишто е потребно итно спроведување на препораките на набљудувачката мисија, како и јасно искажаниот повик да се постигне договор за преостанатите точки, односно организирање Влада што ќе ги подготви и спроведе следните избори, го цениме за силна потврда на позициите на еврокомесарот Хан искажани во телефонскиот разговор со претседателот Заев и преку писменото соопштение од Европската комисија“, стои во соопштението.