Николиќ и Пахор загрижени поради кумановските случувања

by Фокус

Српскиот претседател Томислав Николиќ и словевечкиот претседател Борут Пахор, на Самитот на лидерите на процесот „Брдо-Бриони“ во Будва, изразија загриженост поради случувањата во Куманово и побараа истрага за настанот.

– Запрепастени сме и доста загрижени поради последната сурова акција на албанските терористи во Куманово во Македонија. Тоа што се случи е недопустливо – рекол Николиќ.

Пахор, пак, порачал дека истрагата за инцидентот во Куманово е важна, како за процесите во земјата, така и за регионот.

Поврзани новости