Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференцијата, каде што ја објави 33-тата „бомба“ во која премиерот Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков се пазареле за продажба на името и договориле грчки предлог, одговараше на новинарските прашања, каде што беше запршан – „До кога ќе останат да кампуваат пред Влада и дали очекуваат инциденти“?
– Во 14 часот утре сите ќе дојдеме на мирен протест пред Владата. Се очекува масовност на протестот, иако власта уште сега прави опструкции со превозот, за да не можат граѓаните да дојдат. Но, тоа нив нема да ги спречи. Луѓето се спремни и пешки да тргнат, само да дојдат. Дека сакаат да предизвикаат инциденти се гледа и од тоа, што во понеделник ВМРО-ДПМНЕ ќе се постават на местата каде што практично ќе бидеме ние. Наша цел е Груевски да си поднесе оставка и да си замине од функцијата. Ако, тоа не го стори, ние ќе останеме да кампуваме до крај, до неговата оставка – истакна Заев.