Заев: Братучедската двојка прифатила грчки предлог за името

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави дека братучедската двојка, премиерот Никола Груевски и неговиот братучед, шефот на тајната полиција Сашо Мијалков веќе договориле грчки предлог за името, иако како што цело време, јавно тврдат дека никогаш не се соогласиле за продажба на името.

Тоа може да се слушне и во телефонскиот разговор меѓу премиерот Никола Груевски и пратеничката од Струмица, Силвана Бонева, во кој премиерот и објаснува дека договориле грчки предлог за името, но чекале повратен одговор од таму. Според него, откако од грчка страна ќе им кажеле дека го прифаќаат предлогот, тогаш можело да се иде на референдум. Груевски рзочарано објаснува дека веќе два ипол месеци чека известување од таму, но дека се ваделе на грчката криза.

Заев тврди дека поседува уште снимки за наводна продажба на името, но поради безбедносни причини нема сега да ги објави.

Поврзани новости