Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава против Зоран Заев за оддавање на државна тајна, соопшти денеска портпаролот Иво Котевски. Од МВР велат дека со објавувањето на аудио снимките за наводната израелска донација, Заев неовластено открил државна тајна и со тоа нанел штета на трајните интереси на Македонија. За ова кривично дело предвидена е казна затвор во траење од 10 години.
За обвинувањата од опозицијата дека директорот на УБК, Сашо Мијалков, зел провизија, од МВР велат дека тоа било банкарска провизија.
-Провизијата која што се споменува е банкарска провизија. Бидејќи стануваше збор за префрлање на поголема сума пари и имаше одредени потешкотии и доцнење околу трансферите, нашите пријатели донатори одлучија да ја сменат банката и да ги префрлат парите преку кореспондентна банка од Будимпешта, која ги префрли парите во земјава, објаснија од МВР.