Биљали: Можни вонредни избори на есен

by Фокус

Македонија наскоро би можела да добие преодна влада, а до есен да се одржат вонредни избори, предвидува политичкиот аналитичар Мерсел Биљали во интервју за Ал Џезеира Балканс.

-Европската унија полека почнува да чувствува одговорност, поставувајќи си прашање како можело да дојде до ваква ситуација. Евидентен е огромен криминал, кршење на основните човекови права, контрола и корумпирање на медиумите, местење на изборниот процес, вели Биљали.

Тој смета дека последните промени и отстапување во однос на законот за високо образование само покажуваат дека ова се последните обиди на владата на ВМРО-ДПМНЕ да остане на власт и се јасен знак за нејзината немоќ.

Поврзани новости