494
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно порача дека е против како то го нарече, капитулантскиот Договор со Грција. Според лидерот Христијан Мицкоски, премиерот Зоран Заев јавно признал дека се коцка со државните интереси.
„Референдумот е за промена на уставното име. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е против овој капитулантски договор кој е штетен за националните интереси на Република Македонија, а за кои Заев јавно призна дека се коцка“, посочи Мицкоски.