Јас сум Зоран Заев кој се бореше за слобода и демократија, изјави премиерот по однос на илјадниците амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците, додавајќи дека го почитува правото на опозицијата да ги користи сите демократски права и начини во законодавниот дом.
-Мене ме загрижува што ќе се случи со реформите кои се битен услов за добивање препорака за Македонија кога ќе се блокира работата на Собранието со поднесените амандмани. Демократријата е императив. Секако поднесувањето на амандмани е право на опозицијата кое треба да се почитува, но тука е обврската дека со таквото право се блокира Собранието – изјави денеска Заев пред Основниот суд Скопје 1 по одложување на рочиштето за случајот „Поткуп“.
Тој посочи дека ако се одложи имплементацијата на реформите, може да биде доведен во прашање процесот на интеграцијаво ЕУ, поконкретно, рече, со тоа да биде одложен датумот за почнување на преговори за членство, кој Заев го очекува во јуни.
По однос на спорот за името, одговарајќи на новинарско прашање, премиерот рече дека СДСМ останува на ставот до решение да се дојде преку договор со опозицијата и тоа да биде потврдено на референдум на кој ќе се изјаснат граѓаните.