Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека веста за професорот Љубомир Фрчкоски, дека наводно е одбиен од САД како македонски амбасадор во Вашингтон е шпекулација. Прашањето следуваше откако беше објавено дека САД не прифаќаат Фрчкоски да е тамошен амбасадор.
-Јас морам да ви потврдам дека ниту Владата ниту друга институција не коментира амбасадори додека не завршат постапките, за било која земја. Тоа сме го правеле дури и за конзули, а не пак за амбасадори. Јас слушнав дека Ферчковски е за Њујорк, а не за Вашингтон. За еден амбасадор прво се носат одлуки на Влади, па се добива агреман од претседателот, па агреман од земја-домаќин, рече Заев, додавајќи дека не сака да коментира зошто се уште е рано.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа рече никогаш не потврдиле дека Фрчковски е назначен.