Заев: Во недела ќе стигнат првите 3.000 дози вакцини, а до крајот на месецот и првата испорака од Ковакс

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека во недела ќе стигнат 3.000 дози вакцини, а сподели и дека е пристигнат одговор од Ковакс системот, и првите дози ќе бидат испорачани во крајот на март.

-Ние секој ден очекуваме конкретна информација кога ќе стигнат, јас сега имам информација кога ќе стигнат првите 3.000, ама како да кажам, ако не стигнат. Во недела ги очекуваме 3.000 вакцини, преку ДХЛ да стигнат. Министерот заедно со амбасадорот ќе ги пречекаат, истакна денеска премиерот Заев.

Тој потсети и дека вчера Министерствот за здравство споделило како ќе тече испораката од „Фајзер“, која е постигната преку директни преговори.

-Вчера објави и Министерството за здравство дека 21.000 дози од Фајзер се потврдени до крајот на месецот, а министерот ја кажа и динамиката до крај на годината. А фала богу стигна и информацијата од Ковакс до крајот на март да стигнат првите количини, веројатно и тие се меѓу 20.000-30.000 вакцини. Во март месец ќе почне масовната вакцинација.Се кој ден се ќе носи некоја нова информација. Знаете дека се уште очкуваме од Кина, каде што дури плативме аванс, па повлековме аванс, се со цел да потврди Министерството за надворешни работи дека е во ред. Работат и министерот за надворешни работи и министерот за европска прашања, покрај министерот за здравство за час поскоро да ги убрзаме количините. Се јавуваат нови понуди на Астра Зеника. Денеска имам разговор со британски претставници од највисоко ново, да видиме дали може за 7-10 дена и тие да стигнат заради тоа што се работи за европска, квалитетна вакцина, така што верувам дека за многу брзо време оваа со право летаргија којшато се јавува во општеството да биде отклонета и да продолжи процесот на вакцинација, рече Заев.

Поврзани новости