Заев: Јанкулоска и Котевски се шегувале со смртта на Младенов

by Фокус

Во продолжение на денeшната бомба, Зоран Заев, објави и разговор, меѓу министерката Гордана Јанкулоска и портпаролот на МВР, Иво Котески, од кој се слуша како се шегуваат со смртта на Никола Младенов.

-Ќе слушнете до каде оди злобата, нечовечноста на првите соработници на Никола Груевски? Се ситат и се изживуваат врз смртта на Никола Младенов. Ќе слушнете како се шегуваат велејќи „Кој е следниот?“, како сакале да го прашаат новинарот Героски „Дали ти се напумпани гумите?“, „Дали Геро ги испратил Младенов во смрт“ вели Јанкулоска. Овој разговор е важен и поради тоа што Котевски потврдува дека следењето на телефонските разговори се правело без судска наредба – рече Зоран Заев, лидер на СДСМ, на денешната прес конференција.

Од објавениот разговор граѓаните можеше да слушнат и нови детали, односно Котевски истакнува дека службите го лоцирале Младенов на аеродромот „Александар Велики“, односно таму го поминал временскиот период кој недостигаше во пресметките. Нејасно е зошто ова не беше кажано во јавноста? Исто така Котески заклучува дека Младенов последните 3-4 часа до несреќата не примил телефонски повик од никој, што и за него е чудно. Исто така и коментира дека последен му се јавил новинарот Бранко Геровски, па безобразно коментира дека можело да се објави дека „Геровски во смрт го испратил Младенов“.

Поврзани новости