Заев ја симнал апликацијата Мој ДДВ, ги повика и опозициските пратеници да ја симнат

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, покажувајќи го својот мобилен телефон од собраниската говорница рече дека и тој ја користи апликацијата „Мој ДДВ“ за поврт на 15 отсто од данокот на додадена вредност. Заев рече дека проектот за сега е успешен и дека резултатите се одлични.

-Сите оние кои до сега избегнувале данокот на додадена вредност да го уплатат во државниот буџет сега им се стеснети можностите затоа што граѓаните се инспектори и се мотивирани. До сега се скенирани пет милиони сметки, 2.768.000.000 денари промет е скениран, 730.000 евра веќе се назад кај граѓаните, за 23 дена. Верувам дека сите ќе се вклучиме во проектот. Јас отворив апликација на Мој ДДВ, препорачувам пратениците да отворат, па дури и оние од опозицијата затоа што системот враќа еднакво на сите – рече Заев.

Поврзани новости