Заев ја повика Бугарија да покаже европска големина

by fokus 20:24
20:24

Премиерот Зоран Заев верува дека ќе се најде решение за отворените прашања со Бугарија  и упатува порака директно, до претседателот Румен Радев и до техничката Влада во Софија да покажат европска големина кон еден од своите први соседи, Северна Македонија да дадат шанса да го продолжи процесот за членство во ЕУ.

Во интервју во дневникот на МТВ, Заев при тоа се повика на консензуалната одлука на сите 27 земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Бугарија, дека сме ги исполниле условите за почеток на преговорите. Додаде дека очекува да се одржи првата меѓувладина конференција, откако ќе се одржи состанокот на Советот на министрите кога ќе се донесат одлуките и ја повика Бугарија да продолжи во духот на европските манири и да го сврти повторно вниманието на ЕУ кон регионов.

- Advertisements -

-Да продолжиме да градиме пријателство, важно е каква историја пишуваме сега, нашите млади луѓе сакаат да ги отвориме вратите и можностите за соработка, а не да бидеме заглавени во минатото, оцени Заев.

Тој посочи дека со неговата посета на Брисел минатата недела соопштено е на сите европски институции и земји дека нема да преговараме додека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се на маса.

-За идентитетот и јазикот не се преговара. Тоа што треба да го знае нашиот народ, е дека Европа должи. Ние испорачавме сѐ. Северна Македонија е земја која најмногу чекала од сите кои што сакаат да го продолжат европскиот пат. Од сите земји што некогаш биле кандидати, а денес се членки или се уште се кандидати ние чекаме најмногу, 16 години, рече премиерот Заев.

Поврзани новости