Заев ја објаснува стратегијата на „чекан“ и “танц“ за справување со корона вирусот

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот фејсбук профил ја објаснува стратегијата на „чекан“ и „танц“ во справување со коронавирусот.

„Таа e базирана на долгорочен пллан за сузбивање на вирусот преку комбинирани мерки и интензитет на нивно спроведување. Оваа стратегија предвидува комбинација на силни, остри мерки за сузбивање и намалување на вирусот (чекан) на почеток а потоа и мерки за држење под контрола на заразата (танцот). „Чеканот“ претставува почетна и агресивна реакција кон сузбивање на заразата и добивање на повеќе време за да може да се пронајде вакцина. Во овие драстични мерки спаѓаат и мерките кои нашата држава навремено и ефикасно ги спроведува (затворање училишта, факултети, забрана за јавни собири, забрана за движење, изолација, самоизолација, тестирања) – вели Заев.

Според него, откако ќе се примени „чеканот“ и епидемијата е ставена под контрола, следува фазата на „танц“ односно периодот до пронаоѓање на вакцината кој може да биде и подолг.

„Оваа стратегија дава добар резултат и може да го намали времето за справување со последиците, здравствени и економски. Ова е заедничка борба за сите нас, од нас зависи колку силно ќе удри „чеканот“ и колку долго ќе трае „танцот“. Да бидеме одговорни и сериозни, да ги почитуваме во целост мерките и задолженијата затоа што тие се за наше добро. Само така ќе излеземе како победници од оваа глобална здравствена и економска закана – додава лидерот на СДСМ.

Поврзани новости