За пет дена извршени се вкупно 5.213 инспекциски надзори

by Fokus

Претседателката на инспекциски совет Магдалена Филиповска – Грашкоска на денешната прес-конференција ги презентираше инспекциските наоди за период од 28 март до 1 април.

-Во овој период од страна на 6-те инспекторати се направени вкупно 5.213 надзори и воглавно се почитуваат владините мерки. Според податоците најголем дел од контролите, вкупно 4.261 ги направил државниот пазарен инспекторат. Од нив 823 надзори се однесуваат на замрзнатите цени на одредени произовди, а останатите на работата на угостителските и услужни објекти. Од нив 20 се затворени на подрачјето на цела држава. Поголемиот дел од угостителите ги почитуваат мерките. Контролирани се и кафематите. Од контролата во Штип констатирано е дека 34 кафемати не работеле. Дополнително, во овие 5 дена утврдени се помал број на зголемувања на цени на јужното овошје.

АХВ спроведе 277 надзори во повеќе градови. Изречени се 22 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка и истите се отстранети од објектите. Издадени се 5 решенија на месарници и маркети поради лоша општа хигиенска состојба и е наредено веднаш да се превземат мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

 

 

Поврзани новости