Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, назначи 30 претседатели на општински организации на СДСМ, од кои половина се нови кадри на овие позиции, додека половина ја вршеа оваа партиска функција и пред одлуката на Заев да ги разреши сите општинските претседатели во рамки на операцијата „метла“, најавена меѓу двата круга од претседателските избори.
-Во дел од општините каде што СДСМ забележа победа на последните избори реизбрани се претседателите на општинските организации. Во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите општински организации а ќе се заокружат, со сигурност и промените во централното раководство на партијата – изјави портпаролот на партијата, Костадин Костадинов.
Тој ги прочита и имињата на претседателите на општинските:
-Чучер Сандево – Ацо Ушковски
-Богданци – Никола Страторов
-Конче – Благој Илиев
-Радовиш – Коле Чаракчиев
-Дебар – Азем Фејзоски
-Охрид – Лазе Таневски
-Струга – Соња Стојкоска
-Штип – Александар Кангалов
-Ѓорче Петров – Александар Гиновски
-Карпош – Марија Ѓоргиевска
-Крива Паланка – Михаил Дејановски
-Росоман – Ленче Стојанова
-Свети Николе – Елизабета Јованчева
-Кочани – Гоце Серафимов
-Лозово – Антонио Ангелковиќ
-Виница – Тони Велков
-Пехчево – Славчо Пандурски
-Брвеница – Даниел Антовски
-Кратово – Горан Ковачевски
-Шуто Оризари – Ферат Асан
-Ново Село – Живко Георгиевски
-Чашка – Горан Стојановски
-Берово – Јован Матеничарски
-Делчево – Влатко Величковски
-Крушево – Трајче Калески
-Ресен – Атанас Табаковски
-Теарце – Лазар Ѓоргиевски
-Куманово – Мартин Костовски
-Ранковце – Христина Младеновска
-Центар – Горан Герасимовски