Кацарска одбила да го оценува обвинението за организаторите на „27 април“

by fokus

Судијката Добрила Кацарска одбила да го оценува обвинението против организаторите на 27 април. Од Кривичниот суд информираат дека електронскиот АКМИС систем ја избрал неа, но таа инсистирала да не биде дел од овој нов случај.

Кацарска, поднела барање за изземање до претседателот на Судот, но била одбиена. Потоа поднела уште едно, за можна пристрасност, односно образложила дека со донесената одлука во претходниот случај за настаните од 27 април веќе имала оформено мислењ.

Нејзиното барање е прифатено, а обвинението сега ќе го оценува судијата Горан Бошевски. Засега сѐ уште не е закажана седница каде обвинетите, Трејко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Владимир Атанасовски ќе можат да се жалат на содржината на обвинението и да барат Судот да го отфрли.

Поврзани новости