Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево одржа прес конференција по повод вчерашната оценка на меѓународната заедница за тоа дека услови за одржување на кредибилни избори на 24 април. Тој рече дека нефер избори на 24 април ќе ја втурнат Македонија во уште поголема криза.
-Фер избори на 24 април не може и нема да има. Било какви инсистирање за избори на 24 април само заради спас на власта ќе ја втурне Македонија во уште подлабока криза. На Македонија и се неопходни избори час поскоро, избори без фантомски гласачи и со слободни медиуми,. Избори на кои ќе одлучат граѓаните, а не мафијата, рече Заев.
Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека партиите кои покренаа иницијатива за распуштање на Парламентот и прогласување избори се тие кои сега треба да поднесат иницијатива за повлекување на таа одлука.