Заев: Иванов ќе го прифати Договорот со Грција, како што го прифати и Договорот со Бугарија

by fokus

Премиерот Зоран Зоран во денешното гостување на 1 ТВ рече дека претседателот Иванов како што по некое време го прифатил Договорот со Бугарија, така ќе го прифати и Договорот со Грција.

-Иванов ќе го прифати Договорот со Грција како што го прифати и Договорот со Бугарија. Но, тоа ќе го направи откако граѓаните ќе го одобрат Договорот на референдумот, што не треба да биде така. Ние политичарите треба тоа да го правиме пред граѓаните, да ги кажеме нашите ставови, а потоа граѓаните да донесат своја одлука, рече Заев.

 

Поврзани новости