Заев до МРТ: Ако сме демократи не значи дека сме глупави, раководството веднаш да си поднесе оставка

by fokus

Премиерот Зоран Заев во попладневното гостување на 1 ТВ побара одговорност од директорот, главниот уредник и Програмскиот уредник на МРТ поради водењето на националниот сервис и поради начинот на преносот на прославата на Илинден.

-Позади говорот на омраза се крие само едно, а тоа е обид за добивање амнестија. Институциите будно следат и работат, без разлика на тоа на кој се однесува. Одговараат и функционери на СДСМ. Не затоа што на Заев му текнало дека така треба, туку затоа што само така ќе се изгради здраво општество. Раководството на МРТ е политичко. Преносот беше така направен намерно, но ако сме демократи не значи дека сме глупави и наивни. Како премиер барам директна одговорност од директорот, главниот уредник и Програмскиот сервис на МРТ, веднаш да си поднесат оставки, рече Заев.

Поврзани новости