500
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги спреми и ги достави до ДУИ пишаните материјали за почеток на преговори, кои Али Ахмети ги побара како доказ за да му даде потписи за состав на нова влада.
Од ДУИ за Телевизија24 не сакаа да кажат што се има во пакетот, а потврдија само дека е доставен предлог законот за албанскиот јазик. Од СДСМ, пак, само кусо велат дека документот е еден.
Од ДУИ најавија дека за предлозите на СДСМ ќе одлучуваат на седница на централното претседателство. Тие напоредно со СДСМ, се уште преговараат и со ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети по посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, рече дека разговара и со Заев и со Груевски и дека за неговата партија, се уште сите опции се отворени.