567
Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски на денешната прес конференција го презентираа акцискиот план за борба против корупцијата. На новинарско прашање околу дводневното бегство на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, премиерот Заев истакна:
-Секогаш влечеме поуки од грешките во минатото и се трудиме да учиме од нив. Учејќи од бегството на Груевски сега имавме успешна акција во натерување на бегалецот да се пријави. Се истражува и каде затаил системот за да не ни се случува вакво нешто во иднина, истакна Заев.
Тој додаде дека правдата се испорачува, споменувајќи ја пресудата за случајот за масовното незаконско прислушување во УБК „Таргет и Твдрина“, а најави дека тоа е се случи и со предметот „Титаник“.