Тие сите се обидоа да не скршат – објавен видео клип од нашата евровизиска песна

by fokus 15:39
15:39

Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев објави видео клип во траење од неколку секунди, на кој може да се слушне како ќе звучи песната ,,Here I stand” со која ќе не претстави во Холандија на Евровизија 2021.

Тизерот може да се види на неговиот Инстаграм профил, а дел од зборовите на песната се:
They all tried to break us
Not knowing it’s what makes us
This is how we found our way (Тие сите се обидоа да не скршат, без да знаат дека тоа е она што не направи/создаде, дека така си го најдовме патот).

- Advertisements -

Се слушаат и придружните вокали кои се снимаат во Чикаго, од поранешни членови на Детскиот хор каде и Гарванлиев своевремено членувал.

Песната ќе биде промовирана на 11-ти март, а нејзин автор е самиот Гарванлиев. Аранжманот е на Давор Јордановски и Борче Кузмановски.

https://www.facebook.com/vasbar/videos/1836828363159972

Вики Клинчарова

Поврзани новости